Полнети модри патлиџани (посно)

Состојки
Состојки
2 модар патлиџани
1 главица кромид
1 пиперка
1 морков
300 гр пченка
200 гр доматно пире од ДМБио
1 домат
Потребно е уште свеж босилок,сол,маслинов зејтин

Едноставен, посен летен ручек. Прво модрите патлиџани ги миеме, им ги отстрануваме дршките и ги сечеме по должина секој на два дела. Ги издлабуваме им ја вадиме внатрешноста, ги посолуваме, ставаме малку зејтин и ги ставаме да се печат во рерна на 180 степени околу 15 минути колку да омекнат. За тоа време на тава запржуваме кромид, пиперка и морков. Потоа го додаваме и внатрешниот дел од модриот патлиџан исечен на коцки. Повторно запржуваме и ја додаваме и пченката. Посолуваме, додаваме свеж исечен босилок и накрај го додаваме и доматното пире од ДМБио. Со ова ги полниме малку запечените модри патлиџани. Едноставен, посен летен ручек. Прво модрите патлиџани ги миеме, им ги отстрануваме дршките и ги сечеме по должина секој на два дела. Ги издлабуваме им ја вадиме внатрешноста, ги посолуваме, ставаме малку зејтин и ги ставаме да се печат во рерна на 180 степени околу 15 минути колку да омекнат. За тоа време на тава запржуваме кромид, пиперка и морков. Потоа го додаваме и внатрешниот дел од модриот патлиџан исечен на коцки. Повторно запржуваме и ја додаваме и пченката. Посолуваме, додаваме свеж исечен босилок и накрај го додаваме и доматното пире од ДМБио. Со ова ги полниме малку запечените модри патлиџани. Одозгора ставаме кругови од исечен домат, врз нив босилок и ги враќаме во рерна уште 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.