Полнети печурки со 2 вида на кашкавал

Потребни состојки:

300 гр свежи печурки-шампињони

за полнење

100 гр горгонзола

50 гр рендан млечен кашкавал-ајдамер

1 голема лажица пармезан

неколку свежи листови босилек

по потреба путер исецкан на мали коцки

малку сол и бибер ( по вкус )

Подготовка:

Најпрво вклучете ја рерната на масимална температура (250-300 степени).  На измиените печурки отсранете им ги рачките. Горните делови од печурките ставете ги во сад за печење.

Рачките исечкајте ги на ситни коцки. На загреана тава со малку путер ставете ги коцките-печурки малку да се пропржат додека не им испари водата. Додадете ја и горгонзолата и лажица пармезан. Почекајте филот убаво да се соедини и тргнете ја тавата од оган. Додадете малку свеж босилек, бибер и ако сакате малку сол. Со лажица ставете од филот во секоја печурка. Од горе нанесете рендан кашкавал-ајдамер и парченца путер.

Печете на максимална темература во загреана рерна 5-10 мин односно додека не заруменат печурките.

Наздравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.