Ова лесно летно јадење има совршен вкус и многу малку калории.
Рецепт за полнети пиперки со спанаќ и леблебија
Потребни состојки:
4-5 пиперки
400 грама леблебија
100 грама ориз
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 лажици доматно пире
1 гранче магдонос
1 гранче копар
1 лута пиперка
200 грама спанаќ
1 лимон
2-3 лажици маслиново масло
1 лажица кајен пипер
црн пипер
сол
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот ситно. Загрејте го маслиновото масло во длабока тава и ставете го кромидот да се пржи. Ситно исечкајте ги чешнињата лук и додајте ги во тавата. Зачинете со сол, црн пипер и каен пипер.
Додајте го оризот и пржете додека зрната не станат проѕирни.
Исечете ги листовите спанаќ на големи парчиња и додајте ги во тавата. Додајте ги и ситно исечканата лута пиперка и магдоносот и копарот.
Турете го пире од домати и промешајте ја смесата. Додајте ја леблебијата, додајте малку и од течноста, измешајте добро и тргнете ја тавата од огнот.
Исечете ги врвовите на пиперките и чувајте ги дршките. Наполнете ги со смесата и наредете ги во сад за печење.
Повторно ставете ги дршките на полнетите пиперки, додајте една чаша топла вода или супа од зеленчук во садот за печење и ставете ги во рерна загреана на 200 Целзиусови степени да се печат 30 минути.