500 г мелено месо
1 компир
200 г спанаќ
1 кромид
3 јајца
150 г рендано сирење
2 лажици брашно
масло, сол и мелен црн пипер
1. Во меленото месо ги додаваме ренданиот компир, ситно сечканиот кромид, брашно, едно јајце, сол и мелен црн пипер.
2. Смесата се меси и се прават 6 топчиња кои ги формираме како гнезденца.
3. Се редат во огноотпорен сад, предходно намачкан со масло.
4. Се полнат со фил од ситно сечкан спанаќ (предходно посолен и исцеден), јајца и рендано сирење.
5. Се пече околу 20-25 минути на 200 степени.