1 крап
1 кг компири
500 г моркови
3-4 чешниња лук
200 г суви црни сливи без семки
1 китка магдонос
1 лимон
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Крапот го чистиме и го миеме. Го посолуваме од надвор и од внатре, и го намрсуваме со масло.
Морковите ги сечкаме на кругови и ги пропржуваме во масло додека не омекнат.
Компирите ги лупиме, ги сечкаме на коцки и 2-3 минути ги вариме во тенџере со зовриена вода. Црните сливи ги преливаме со млака вода и ги оставаме да омекнат.
Во длабок сад ги промешуваме компирите, морковите и сливите. Ги сечкаме чешнињата лук и магдоносот. Посолуваме, зачинуваме со сув зачин и црн пипер, и го промешуваме филот.
Со дел од филот ја полниме утробата на крапот и го ставаме во тава. Крапот го засекуваме на неколку места и во засеците ставаме кришки лимон. Остатокот од филот го распоредуваме околу него и попрскуваме со масло. Печеме 50 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.