4 слатки компири
300 г мелено месо
250 г конзервирани сечкани домати
1 главица кромид
4 млади кромидчиња
2 чешниња лук
1 сечкана чили пиперка
1/2 лажица чили
1/2 лажичка ким
200 г рендан кашкавал
масло, сол и мелен црн пипер
Компирите измијте ги и завиткајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава и печете околу 1 час на 200 степени.
Додека компирот се пече, подгответе го филот. Лукот и кромидот ситно исечкајте ги. На малку масло во тавче пропржете го кромидот, па додадете го меленото месо. Кога месото ќе добие боја, додадете ги доматите, лукот и зачините. Промешајте и динстајте додека испари течноста.
Компирите одвиткајте ги од фолијата и исечете ги на половина по должина. Ставете ги на чинија и мнполнете ги со филот од мелено месо. Врз нив наросете рендан кашкавал, сечкана чили пиперка и сечкан млад кромид.