Половина до еден денар поскап резервоар по литар гориво

Се зголемија цените на нафтените деривати од денеска, односно за половина денар поскапе Еуросупер БС-95, а за еден денар Еуросупер БС-98 и дизел горивото.
Цената на нафтата за домаќинствата поскапува за 1,50 денар, а се зголемува и цената на мазутот.
Според најновото поскапување ова се актуелните цени на нафтените деривати:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 чини 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 62,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) се продава за 62,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС чини 37,019 (денари/килограм).

Пронајдете не на следниве мрежи: