Повеќето жени знаат дека грутка може да биде знак за рак на дојка, но многу жени сè уште не се свесни за помалку забележливите предупредувачки знаци.
Дури половина од жените не ги забележуваат другите знаци, пишува Дејли Мејл, врз основа на истражување спроведено на илјада луѓе.
Резултатите од оваа студија покажаа дека дури 93 отсто од жените многу добро знаат дека новонастанатата грутка е еден од главните знаци за рак на дојка. Од друга страна, само мал број жени се свесни за некои други симптоми кои исто така укажуваат на овој тип на рак.
- Дневен хороскоп за вторник, 3 февруари: Финансиите цветаат за Лавовите, проблеми со шефовите ги очекуваат Јарците
- Трамп и Моди постигнаа трговски договор со кој Индија се обврза да престане со купување руска нафта
- Села за „Сејф сити“: Во Чаир има повеќе камери отколку во остатокот од Скопје
- Зачнале дете преку вештачко оплодување, а потоа доживеале ужас кога се родило: Парот ја тужи клиниката за катастрофална грешка
- Денеска одлучувачки состанок во Брисел: Ќе попушти ли ЕУ пред барањата на камионџиите
- Обилните снежни врнежи во Јапонија однесоа 30 животи
- Шокантно: Асистентите на вештачката интелигенција создадоа своја социјална мрежа
- (Видео) Трендафилов: Ниту еден функционер не вреди десет пати повеќе од работник
- Албанската полиција приведе македонски државјанин за шверц на мигранти кон Италија
Помалку познати симптоми на рак на дојка вклучуваат:
отекување на еден дел од градите
вовлекување на кожата на дојката
промени во изгледот на брадавицата
исцедок од брадавиците
чешање или црвенило на дојката
Од друга страна, овие симптоми не мора да значат дека личноста има рак на дојка, но секако се аларм кој треба да го посети лекар доколку забележиме нешто од наведеното.
Покрај препознавањето на симптомите, многу е важно и самопрегледот кој треба да се прави одвреме-навреме за што побрзо да се забележат и најмалите промени.
Пронајдете не на следниве мрежи:



