четврток, 12 ноември 2026
Најново

Половина од жените не знаат: Ова се петте помалку познати симптоми на рак на дојка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќето жени знаат дека грутка може да биде знак за рак на дојка, но многу жени сè уште не се свесни за помалку забележливите предупредувачки знаци.

Дури половина од жените не ги забележуваат другите знаци, пишува Дејли Мејл, врз основа на истражување спроведено на илјада луѓе.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Резултатите од оваа студија покажаа дека дури 93 отсто од жените многу добро знаат дека новонастанатата грутка е еден од главните знаци за рак на дојка. Од друга страна, само мал број жени се свесни за некои други симптоми кои исто така укажуваат на овој тип на рак.

Помалку познати симптоми на рак на дојка вклучуваат:

отекување на еден дел од градите
вовлекување на кожата на дојката
промени во изгледот на брадавицата
исцедок од брадавиците
чешање или црвенило на дојката
Од друга страна, овие симптоми не мора да значат дека личноста има рак на дојка, но секако се аларм кој треба да го посети лекар доколку забележиме нешто од наведеното.

Покрај препознавањето на симптомите, многу е важно и самопрегледот кој треба да се прави одвреме-навреме за што побрзо да се забележат и најмалите промени.

Поврзани вести