Половите болести не се пренесуваат само преку секс!

Тоа што не сте доволно полово активни или имате ист партнер веќе со години, не ви гарантира дека нема да добиете полово пренослива болест. Еве од кои други работи луѓето често се заразуваат.
Повеќето полово преносливи болести немаат изразени и јасни симптоми. Но, освен преку секс, може да се заразите, а да не сте воопшто сексуално активни, пишува “Mirror”.
Тоа што загрижува е тоа што станува збор за работи од широка употреба.

1. Балсам за уста
Постојат два вида на херпес – орален и генитален, а двата вида се пренесуваат со директен контакт. Ако позајмите балсам за усни од некој што веќе има орален херпес, и вие можете да го добиете.

Студент од Скопје откри метод за корекција на зглобови
Од друга страна, вирусите не можат долго да преживеат на вакви предмети. Сепак, најдобро е да имате сопствен балсам и да не го делите или позајмувате од други. Од оваа причина не се препорачува да се тестираат балсами дирекно на усните во дрогериите, туку на рака.

2. Брада
Во моментов полните и убаво уредени бради се многу популарни. Но, тие имаат голем потенцијал да станат плодно тло за развој и множење на габи, да предизвикаат габични инфекции или херпес.

3. Депилација на бикини зони
Депилацијата никако не е пријатна, а покрај тоа, ако вашиот козметичар е невнимателен и има обичај со истиот алат два или повеќе пати да нанесе восок – постои шанса да заболите од полово пренослива болест.

Веќе некое време истражувањата покажуваат дека отстранувањето на влакна од бикини зоната го зголемува ризикот од зарази од полови болести.

4. Солариум
УВ зрачењето ги убива бактериите, но премногу сончање во солариум може да резултира и со поголема отпорност на бактериите кои веќе се присутни на телото.

Исто така, во солариумот се присутни и различни габички, вируси и бактерии како фекални бактерии, херпес и ХПВ вируси. Потребно е да се исчисти солариумот пред и по сончањето, за да ваквите ризици да се сведат на минимум.

5. “Тетовирање или пирсинг”
И кај тетовирањето и кај пирсингот хигиената е многу важна. Повеќето салони одржуваат хигиена на своите инструменти, но посебно внимание треба да се обрати на иглите кои може да пренесат хепатит Б или Ц, или ХИВ вирус, пишува “Mirror”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.