Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни фрлачи „Chunmoo“

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го зацврсти своето партнерство со Полската агенција за вооружување преку значаен извршен договор, објавува „defence-blog“.

Новиот договор, проценет на приближно 1,6 милијарди американски долари, вклучува набавка на 72 „Chunmoo Multiple Rocket Launcher Systems“, заедно со напреден трансфер на ракетна технологија.

На церемонијата на потпишување, одржана во фабриката за производство на овој систем сместена во Чангвон, присуствуваа високи претставници и од полската и од корејската влада.

Меѓу истакнатите присутни беа претставници од полската делегација, вклучително и заменик-министерот за одбрана Павел Бејда и началникот на полската агенција за вооружување Артур Куптел, заедно со корејските колеги министерот Сеок Јонг-гун од Администрацијата на програмата за набавка на одбраната и Парк Јонг-сеунг, раководител на Агенцијата за развој на одбраната.

Јужнокорејската компанија ја истакна непоколебливата посветеност на за зајакнување на безбедноста во Полска и поширокиот регион. От таму ја нагласија посветеноста на „Hanwha Aerospace“ за обезбедување на врвни одбранбени решенија, без оглед на геополитичките промени.

Пронајдете не на следниве мрежи: