Полска ќе протера 45 руски дипломати

Домашната безбедносна агенција на земјата ги обвини дека се шпиони.

Полска ќе протера 45 руски дипломати кои се осомничени дека работеле како шпиони, објави во средата Агенцијата за внатрешна безбедност.

Осомничените лица беа опишани како „офицери на руските специјални служби и лица поврзани со нив“ кои уживаат дипломатски статус во Полска. Шефот на агенцијата Кшиштоф Вацлавек побара од Министерството за надворешни работи да ги прогласи за персона нон грата, се вели во соопштението.

АСО соопшти дека собрала докази за тајните активности на осомничените. Еден од нив е поврзан со полски државјанин, уапсен на 17 март под сомнение за шпионажа за Русија.

Протерувањето на толку голем број дипломати е „поради политиката на Русија кон Република Полска и нејзините сојузници“ и рускиот напад против Украина, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: