Полски аплинист падна во недостапен предел на Олимп

Голема спасувачка операција започна денес откако полски алпинист  падна во тешко достапна клисура на планината Олимп, објави Катимерини.

Властите беа информирани за падот во 13.20 часот, по што силите на 2-та и 8-та ЕМАК беа мобилизирани за да го лоцираат алпинистот и да стигнат до местото на несреќата.

Алпинистот се наоѓа на место кое е особено тешко за пристап, што ја прави спасувачката операција исклучително тешка.

Операцијата е во тек, а здравствената состојба на алпинистот во моментов е непозната. Се знае само дека тој е во бесознание.

Пронајдете не на следниве мрежи: