Полубратот на Обама со политичка кариера во Кенија

Полубратот на Американскиот претседател Барак Обама, планира да ги следи стапките на својот брат во политиката, но сепак поскромно со политичка кариера за Гувернер на Кенија.
Малик Обама е роден во 1958 година, а Барак во 1961, не знаеле еден за друг се до 1985 година кога биле во своите дваесетти години. Додека Барак израснал во САД, неговиот полубрат го поминува најголемиот дел од својот живот во Најроби, Кенија, каде се стекнува со диплома по сметководство. Иако немале можност да се дружат, сепак еден со друг си биле кумови на своите свадби.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.