Првите полуфинални натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија ќе се одиграат во среда, вардар ќе и гостува на Шкендија, додека Силекс ќе го пречека Тетекс.Вардар со старо-новиот тренер Благоја Милевски ќе патува во Тетово по позитивен резултат.Актуелниот првак, под водство на Никола Илиевски имаше лоша серија од три порази, две победи е еден нерешен резултат на последните шест натпревари, што придонесе Вардар да ја загуби лидерската позиција на табелата во првенството, а Илиевски да си поднесе оставка на функцијата.Репрезентативецот Остоја Стјепановиќ очекува квалитетен меч во против Шкендија со кој Вардар ќе покаже дека кризата е минато.„Нашите цели се јасни, без оглед на резултатската криза во моментов во нашиот табор, ние сме должни да ги оствариме плановите за освојување на двојната круна. Очекувам добра игра и позитивен исход од првиот дуел во Тетово“, изјавил Стјепановиќ за клупската интернет страница.Натпреварите Шкендија-Вардар и Силекс-Тетекс ќе започнат во 16 часот, возвратните натпревари во Скопје и Тетово ќе се одиграат на 2.мај.
МакфаксПрвите полуфинални натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија ќе се одиграат во среда, вардар ќе и гостува на Шкендиј