Доаѓа сезоната на божиќни филмски маратони, кои со пристапот до „Нетфликс“ и другите стрим-платформи, честопати траат и подолго од порано.
Но, дури и најтврдокорните вљубеници на божиќните филмови сè уште имаат тајни за откривање – сигурно има по некоја тривијалност пикантерија или ситница што сме ја пропуштиле дури и при 10-то гледање на некој ваков семеен филм.
Следат 20 факти:
Некои од приказните на американскиот радиоводител Жан Шепард, кои на крајот стигнаа до сценариото за „Божиќна приказна“, првпат биле објавени во списанието за возрасни, „Плејбој“.
Сега обожаваната класика, „Животот е прекрасен“ (Life is Beautiful) доживеа целосен неуспех, кога беше објавена во 1946 година.
Британската глумица Ема Томпсон носела „дебел“ костим при снимањето на филмот „Всушност љубов“ (Love Actually).
Џим Кери работел со стручњак на ЦИА – обучувач за издржување тортура, за полесно да мине низ болниот процес на шминкање на Гринч во „Како Гринч го украл Божиќ“ заснован на приказната на Д-р Суз.
Осумгодишната Натали Вуд во „Чудото на 34. улица“ (Miracle on the 34th Street – 1947), верувала дека Истмонд Гвен навистина е Дедо Мраз.
Во „Божиќната приказна на Мапет шоу“ (The Muppet Christmas Carol), сенишниот изглед на „минатиот Божиќ“ е постигнат со потопување на куклата во вода.
Според надзорниот аниматор на „Кошмарот пред Божиќ“ (The Nightmare Before Christmas) – Ерик Лејтон, филмот е снимен со 24 фрејмови во секунда. Тоа значи дека ликовите морало да бидат наместени во 24 различни пози за секоја дел од секундата во филмот.
Една епизода од реалното шоу „Разбивачи на митови“ (MythBusters) докажа дека јазикот може веднаш да се залепи на столбот за замрзнување како во „Божиќна приказна“.
Во „Дедо Мраз“ (The Santa Clause – 1994), гледачите може да забележат скриено знакче со Мики Маус додека Дедо Мраз и Чарли минуваат покрај Месечината со санки.
Вил Ферел јадел премногу шеќер додека го снимал „Елф“ поради проблеми со спиењето.
Ерик Лојд, кој го глумеше Чарли во „Дедо Мраз“, ги скрши предните заби кога паднал на сцената мораше да носи протеза на снимањето.
Јапонскиот цртан филм во техника со испрекинато движење – „Рудолф – еленчето со црвено носе“, во најголем дел (особено аудиосегментот) е снимен во Канада.
Снимката од парадата на Денот на благодарноста на Мејси во „Чудото на 34. улица“ е вистинска.
Џим Кери првично требало да глуми во „Елф“.
Композиторот Дени Елфман сè уште немал сценарио кога дошло време да ја напише музиката и стиховите за мјузиклот „Кошмарот пред Божиќ“. Своите песни ги засновал само на разговори со режисерот Тим Бартон.
Гринч беше црно-бел во оригиналната книга на д-р Суз, а режисерот Чак Џонс да го направи зелен за цртаниот филм од 1966 година.
„Животот е прекрасен“ е прогласен за најинспиративен филм на сите времиња од страна на Американскиот филмски институт.
Помладиот брат на Маколи, Киран Калкин има мала, епизодна улога како братучед на главниот лик Кевин – детето кое мокреше в кревет во „Сам дома“ и „Сам дома 2“.
По објавувањето на „Сам дома 2“, во хотелот „Плаза“ во Њујорк беа нудени семејни престои, каде што можат да ја пресоздадат авантурата на Меколи Калкин во собата 411 – „апартманот на Кевин“, за 1.100 долари од ноќ.
Иако е филм за празниците, првиот филм „Чудо на 34-та улица“ се појави во кината во јуни 1947 година – зашто продуцентот Дерил Занук тогаш сметал дека повеќе луѓе одат в кино лете.