Шефот на кабинетот на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални денеска изјави дека се повлекува од таа позиција, откако беше откриено дека ја повикал Европската унија да ги укине санкциите против еден од најбогатите луѓе во Русија.
Овој потег на Леонид Волков, лидерот на движењето на Навални, предизвика шок кај опозицијата, а некои го сфатија како подарок за претседателот Владимир Путин.
До тоа дошло откако истакнатиот новинар Алексеј Венедиктов објави февруарско писмо потпишано од Волков и други опозиционери во кое ја повикуваат ЕУ да ги укине санкциите против тајкунот Михаил Фридман и соработниците во неговата компанија Алфа.
Волков рече дека неговиот потпис на документот бил фотошопиран, но откри дека испратил слично писмо до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во октомври минатата година.
„Ова писмо беше голема политичка грешка“, рече Волков и додаде дека ги пречекорил своите овластувања и ги изневерил колегите со тоа што не им кажал ништо за тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: