„Помфрит“ од палента со вкус на пармезан и многу зачини

Се прашувате што да направите со останатата палента? Можете да го подготвите овој рецепт кој е многу брз и лесен!
„Помфрит“ од палента со вкус на пармезан и многу зачини
Потребни состојки:
450 гр палента
30 милилитри маслиново масло
20 гр пармезан/рендан кашкавал
3 лажички зачини по избор (на пример: оригано, сушен магдонос…)
Начин на подготовка:
Згрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Спремете плех обложен со хартија за печење.
Згответе ја палентата и ставете ја во сад за печење (8 × 8) и распространете ја рамномерно. Ставете ја во фрижидер околу 1 час. Ако не е доволно цврста за сечење, оставете ја уште 15 минути. Потоа, извадете ја и исечете правоаголници (како на сликата).
Ставете ги во еден длабок сад, додадете го маслото, пармезанот/ренданиот кашкавал и зачините кои сте ги одбрале. Промешајте добро.
Поставете ги сите парчиња во плехот обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.