Стапчиња помфрит долги до половина метар се апсолутен хит во Јапонија. Она што го интересира целиот свет е како се прават? Реално, нема компир со таа големина што, кога се сече на стапчиња, дава помфрит, долг неколку десетици сантиметри …
Еве ја тајната: тоа е направено од пире од компири кои се обликуваат во топчиња, а потоа се цедат директно во врело масло преку специјална машина (слична на онаа за правење решетки за бисквити). Оние кои го пробале, велат дека е уште повкусен од класичниот помфрит.
Обично се служат со мајонез и кацуобуши – специјалитет за морска храна направен од варено, ферментирано и сецкано филе од туна или бонито.
Погледнете како изгледа производството