Понесете чадор, се очекува дожд

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно време, со локален дожд, ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 11 до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.


Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.