Популарниот матичен Лазаров со препорака – Овојпат до своите колеги: Дајте им боледувања на пациентите!

Ненад Лазаров е матичен лекар од Скопје, кој особено се истакна во послесдниот период од појавата на новиот Коронавирус, со едукација на пациентите преку социјалните мрежи.

За жал, иако тој, а и угледни професори од Медицинскиот факултет апелираа, оваа негова практика сеуште ја немаат прифатено и останатите негови колеги, а би требало, бидејќи во вакви вонредни услови и во ситуација кога одењето кај матичен лекар без особена потреба е ризични, информациите преку социјалните мрежи се добредојдени.

Како и да е, докторот Лазаров денес, ги повикува своите колеги да не се воздржуваат да им даваат боледувања на пациентите, бидејќи, според него, подобро е потенцијално или акутно болните да седат дома, отколку да ја шират заразата на своите работни места, или одејќи и враќајки се од работа:

,,Апелирам до колегите матични лекари да даваат боледувања на сите пациенти со вирози, таму каде ќе констатирате, без преседан.

Изолирајте ги дома, сеуште има и грип, не помагаме на државата ако болни луѓе одат на работа!

Почитувани пациенти, да не ве лаже никој, ограничување по број на издадени боледувања на матитен лекар НЕ ПОСТОИ, ниту некој колега ќе биде казнет заради број на издадени боледувања!

Од друга страна, симулирање на болест може да биде и казниво, освен што е неморално и неетички.

Секој здрав треба да оди на работа се додека не се прогласат поинакви мерки. Не си дозволувајте било каква форма на притисок да правите кон вашите лекари со барања за боледување, тоа е законски регулирано стручна процена од овластен лекар, не ваша желба, за ваши желби, има денови од одмор, а и неплатен одмор.

Колеги, пријавете такви случаи кај работодавец директно, или испишете таков пациент!

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.