Популарните дами го враќаат најжешкиот тренд во модата за ова лето

Во прилог е трвдењето дека модата се повторува на секои 20 години, а станува збор за еден од најпровокативните трендови кој не ги остави рамнодушни познатите дами.
Станува збор за покажување на танга гаќичките, односно допуштањето да “ѕиркаат“ од панталоните, здолништето или фустанот, што последен пат во модата беше на почетокот на деведесеттите години.
Бела Хадид, Ким Кардашијан и Хејли Болдвин Бибер се само некои од популарните личности кои се потрудија да го вратат овој тренд, а во тоа им помогнаа и модните дизајнери, открива „Vogue“.


Бела ја покажа тангата на ревијата од модната куќа „Versace“ во составот на Неделата на машката мода, Хејли ги откри на црвениот тепих на овогодишната Мет Гала, а Ким уште минатата година на Инстаграм објави фотографија на која во прв план беа нејзините Гучи танга гаќи стари дури 21 година.


Во прилог со овој тренд одат и панталоните и фармерки со низок струк кои исто така ги обележаа раните 2000-ти години, па затоа со причина веруваме дека наскоро може да очекуваме уште трендови кои ќе се враќаат од тоа време на модата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.