Поради закани од ИД, во САД се заоструваат безбедносните мерки

Полицијата во американската сојузна држава Вирџинија го засили своето присуство на клучни цели во областите во непосредна близина на главниот град на САД поради потенцијалната закана од терористичката група Исламска држава (ИД), јави синоќа телевизијата CBS.
Заострувањето на безбедносните мерки го потврди и самата полиција.
– Го зајакнавме нашето полициско присуство во целиот округ, вклучувајќи ги главните булевари и трговските центри, рече Кевин Дејвис, началник на полицијата во округот Ферфакс, јужно од главниот град на САД.
Според телевизијата, засилени безбедносни мерки ќе бидат во сила најмалку во текот на викендов, кога САД го слават Халовин (Ноќта на вештерките), како и пред изборите за гувернер во Вирџинија, кои ќе се одржат на 2 ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.