Поради овие работи немате редовен секс, а не сте ни свесни за тоа

Престанете да ја обвинувате позицијата на месецот, хороскопот или пак нешто друго. Ова се работи кои ги убиваат сексуалните вибрации во собата, а никогаш не би помислиле на тоа…

Овие работи би требало да ги промените за повторно да уживате во магиите на сексот.

Телефон 

Доколку сте обземени од вашиот телефон, тогаш е јасно зошто немате сексуален живот. Не му се посветувате на партнерот и не му придавате значење и внимание. Се` што треба да направите е да го одложите одговарањето на пораки и мејлови за подоцна.

Телевизија 

Сакате да гледате телевизија со партнерот, но секогаш ви се приспива после кратко време. Истражувањата кажуваат дека паровите кои немаат телевизор во собата имаат повеќе секс. Исклучете ги вашите екрани и уживајте во магијата која следува.

Боја на ѕидовите 

Во истражувањето во кое учествувале повеќе од 2000 луѓе се наведува дека собата со сиви ѕидови е најголем убиец на сексот, дека паровите кои престојуваат во таква соба речиси и немаат секс. Од друга страна, собите кои се обоени во виолетови нијанси се најдобри за сексуалниот живот.

Подароци од поранешни партнери 

Доколку во собата имате подарок од поранешен партнер, а лежите во кревет со нов, постои голема веројатност дека нема да имате секс. Потсвеста ве држи во минатото, па така не можете да се опуштите и да се отворите за нови искуства.

Различни мириси 

Мирисите кои владеат во просторијата исто влијаат на тоа дали ќе имате секс. Пренагласените мириси, без разлика дали се пријатни или непријатни, го саботираат сексуалниот живот, затоа пред сексот добро проветрете ја просторијата.

Различни предмети 

Замислете да водите љубов и одеднаш да видите слика од неговата мајка на полицата… Не само што тоа ќе ја убие страста која сте ја имале до тој момент, туку и добро ќе размислите дали следниот пат ќе дојдете кај него. Затоа морате да водите сметка за предметите кои се наоѓаат во вашата соба.

Флуросцентно светло 

Ова е најлошиот вид на осветлување за сите. Заменете го со неутрално, но добро е и да го прашате партнерот што преферира тој и да пронајдете златна средина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.