Поради паника и лажни вести ученици напуштиле настава во скопско школо денеска

Ден пред запирање на наставата во сите образовни институции, ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ поради страв од коронавирусот, раширени нхепотврдени гласини, ја напуштија наставата. Некои биле земени од родителите. Нашите информации говорат дека ова било случај во повеќе школи на територијата на Скопје.

Паника меѓу учениците се направила откако се проширила информација дека родител на ученик од помалите класови скоро се вратил од Италија. Најголем дел од учениците кои ја напуштиле наставата се 8-мо одделение.

Се работи за родител кој бил во крајниот југ на Италија. А по враќањето се ставил во самоизолација. Родителот бил и тестиран, а тестот бил негативен.

-Свесни сме за паниката која се шири во основните училишта и градинки, но сакам да апелирам на смиреност и следење на здравствените протоколи. Како општина набавуваме и дополнителни средства за хигиена на сите основни училишта и градинки, а екипите се подготвени и за вонредна дезинфекција на сите основни училишта и градинки, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Директорката:

Конечно ќе ја разрешат најнеодговорната директорка на сите времиња!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.