среда, 11 ноември 2026
Најново

Поради штрајк откажани стотици летови во Германија

Стотици летови се откажани денеска на неколку германски аеродроми поради штрајк на вработените, јави DPA.

Агенцијата посочува дека патниците преку аеродромите Берлин-Бранденбург, како и преку Хамбург, Хановер и Бремен во Северна Германија, треба да бидат подготвени за значителни доцнења и откажани летови поради штрајкот.

Во штрајкот, организиран од синдикатот Верди, учествуваат вработените од обезбедувањето и друг аеродромски персонал.
Штрајковите продолжуваат во текот на денот, а аеродромските власти ги повикуваат патниците да контактираат со нивните авиокомпании за повеќе информации за летовите.

Пронајдете не на следниве мрежи: