Карла Бруни (56), француска манекенка и поранешна прва дама на Франција, дебитираше на ревијата на Викторија Сикрет, блескајќи во црн ансамбл.Карла Бруни предизвика воодушевување на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк со тоа што за прв пат се појави на ревијата на брендот.Таа ја покажа својата вреска фигура во тесно црно боди со длабоко деколте. Бодињата имаа блескави вертикални риги и чипкани ракави, а манекенката носеше чипкани чорапи преку црните гаќички. Манекенката, секако, имаше и крилја, како вистински ангел на Викторија. Нејзините беа црни, а едниот дел на грбот беше обликуван во големо срце.Во врска со нејзиното појавување на модната ревија, Карла рече дека тоа е нејзиното прво „и веројатно последно“ појавување на модна ревија на познатите брендови.– На мои години?! Тоа е многу возбудливо и е многу поразително. Затоа што, знаете, никој не се навикнува да биде на пистата без разлика колку долго го прави тоа. Убаво е да се стане ангел. Ќе имам крилја – изјавила Карла Бруни пред ревијата, пренесува StyleNine.Познатата француска манекенка почнала да се занимава со манекенство во 1987 година, кога имала само 19 години. Таа многу брзо стана успешна, а соработуваше и со водечки модни куќи.
Пронајдете не на следниве мрежи: