четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поранешниот адвокат Фехми Стафа е во притвор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кривичниот суд објавува дека го прифатил предлогот на обвинителството за изрекување мерка притвор од 30 дена на поранешниот адвокат Фехми Стафа поради ризик од бегство и влијание врз сведоци.

Тој е осомничен дека примил вкупно 50.000 евра мито со ветување дека ќе ослободи од притвор осомничен за финансиски криминал.„Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае на укинување на мерката притвор изречена за лице кое е недостапно од органите на прогонот и против кое Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, плаќањата и економијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На 06.10.2025 година, тој прифатил дел од бараниот износ, поточно 30.000 евра, кои му ги предала сестрата на бегалецот. На 13.12.2025 година, тој директно побарал и прифатил уште 20.000 евра како дел од поткупот што побарал да му го даде на судијата.

Веднаш по примањето на парите, осомничениот е уапсен, а парите се пронајдени кај него, соопшти вчера Јавното обвинителство.

Поврзани вести