четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поранешниот амбасадор во Ватикан се замонаши – Ѓоко Ѓорѓевски го доби името Георгиј

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, се одржаа значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, примил монашки постриг и бил ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј.

Како што е објавено на веб страницата на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужил вечерна богослужба, на која го замонашил проф. д-р Ѓорѓевски во чин мала схима, давајќи му го монашкото име Георгиј.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На 28 мај, за време на Божествената Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан го ракоположи монахот Георгиј во јероѓаконски чин.

– Оваа духовна преобразба и принесување на животот во служба на Христа и Црквата е голема радост за целата наша Света Црква. Особена е честа и благодарноста и за академската заедница на Православниот богословски факултет, каде јероѓаконот Георгиј и понатаму ќе го сведочи Евангелието и ќе го пренесува искуството на верата и богословската мисла на новите генерации студенти – објавено е на веб страницата на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.

Професорот Ѓорѓевски, сега јероѓакон Георгиј, е познат по своето длабоко богословско знаење, лична посветеност и несебична љубов кон Црквата. Неговото монашко и ѓаконско служење е сведоштво за соединувањето на науката и духовноста, на словото и молитвата, на умот и срцето.

Поврзани вести