Иако се разведоа во 2013 година, актерот и режисер Винсент Касел остана во добри односи со својата поранешна сопруга, италијанската дива Моника Белучи. А сега ја спомена и во едно интервју.
Оваа година, Канскиот фестивал беше домаќин на бројни ѕвезди од целиот свет, а францускиот актер и режисер Винсент Касел ја искористи можноста да блесне на познатата сцена .
На овогодинешниот фестивал тој го промовира филмот „Паралелни приказни“ , во кој ја игра главната улога, а веќе се појави на црвениот тепих во друштво на неговата девојка, која е 29 години помлада од него .
Тој неодамна даде интервју за „France 3 Côte d’Azur“ , каде што зборуваше за гореспоменатата филмска продукција. Меѓу другото, ја спомена и својата поранешна сопруга – Моника Белучи во позитивно светло.
Кога еден новинар го прашал која жена најдобро го симболизира Канскиот фестивал , Винсент одговорил: „Моника Белучи, без сомнение! Самото нејзино присуство беше сјајно и гламурозно, секој пат кога се појавуваше тука.“
Тој додаде дека Моника „е живо олицетворение на седмата уметност, италијанското кино и неговото златно доба“.
Потоа Касел заклучи: „Лесно ми е да го кажам ова, но тоа е Моника – без двоумење. Кога ќе помислам на Канскиот филмски фестивал, ја гледам Моника. Всушност, не би ме изненадило ако еден ден одржат фестивал со Моника на постерот.“
Да ве потсетиме дека Моника и Винсент имаат две ќерки – Дева (21), која неодоливо личи на мајка си , и Леони, која наскоро треба да наполни 16 години.
The post Поранешниот сопруг на Моника Белучи конечно кажа што мисли за неа: Изјавата изненади многумина appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



