Поранешниот шеф на кабинет на Мицковски под истрага на финансиска полиција

Финансова полиција влегла во просториите на ЈП Водовод и канализации да го истражи работењето и нелегалните дејанија на поранешниот директор на претпријатието Златко Перински неофицијално вчера објави Инфомакс.

Поранешниот шеф на кабинет на Мицковски под истрага на финансиска полиција

Kaко што дознаваме Финансова полиција отворила истрага за Перински и во моментов работи на обезбедување на потребните докази за отпочнување на кривична постапка

Потврда за отворената постапка од страна на Финансова полиција за Перински добивме и од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која денеска присуствуваше на потпишувањето на договорот за изградба на пречистителна станица на водите на реката Вардар.

-Aпсолутно да институциите постапуваат и ние треба да оставиме да си ја завршат својата работа токму онака како што сметаа дека треба, вели Арсовска.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“.

– Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стоеше во соопштението од кабинетот на Арсовска.

Две компании ги исполнуваа условите за учество на тендерот за изградба на пречистителна станица која треба да прочисти над 90 проценти од отпадните води во Скопје, проект од над 136 милиони евра финансиран од средства на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

Со ваквиот проект, метрополата конечно требаше се тргне од листата на неколкуте европски градови кои не ги третрираат отпадните води. Градоначалничката Арсовска во своите интервјуа потенцираше дека најважното е што граѓаните ќе имаат поздрава еколошка средина, а во Вардар наместо загадени како сега, ќе се влеваат прочистени води.

Три компании истакнале интерес за учество на тендерот за изградба на прочистителната станица, една француска компанија која по објавата не доставува понуда, турско-американски конзорциум и германска компанија со австриски капитал, фирма ќерка на за Македонија добро познатото ЕВН. Се работи за компанија „WTE“ фирма дел од групацијата ЕВН.

Проблемите во тендереската постапка започнуваат откако Водовод и канализација, чиј директор е Златко Перински кој беше своевремено беше шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се одлучува низ тендерската постапка да ја дисквалификува турско-американскиот конзорциум, низ елиминација која не е третирана за неопходна ниту за ЕБОР, ниту пак Европската инвестициона банка а врзана за кредитен рејтинг за банката која ја издава банкараската гаранција за компаниите.

Она што е сомнително е што компанијата која Перински дефакто ја исклучува од надавањето нуди понуда која според неофицијални извори на Град Скопје ќе му заштеди неверојатни 20 милиони евра, за разлика од фирмата ќерка на ЕВН.

Крајно сомнително е што постојат и официјални дописи во кои се бара мислење од ЕБОР и Европската инвестициона банка за овој критериум на што тие немаат приговор, додека Перински ја игнорира целата процедура и работи тендерот да го добие фирмата ќерка на ЕВН.

Дополнителен сомнеж со фаворизирањето на компанијата ќерка на ЕВН предизвикуваат одличните бизнис-крими релации кои ги има актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со австриското ЕВН, релации кои во јавноста експлодираа со случајот „Делчевски ниви“, случај во кои неколкумина најблиски соработници на Христијан Мицкоски завршија во притвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.