Поранешниот шеф на УБК останува во затвор – нови 30 дена притвор за Владимир Атанасовски

Kривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му одреди нови 30 дена притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Поранешниот директор на УБК е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност”.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори икстрага против него откако на едно од рочиштата за настаните од 27 април обвинетиот Александар Василевски Нинџа пред судот рече дека бил соработник на тајната полиција, а дека поддршка за неговото дејствување добивал од Атанасовски.
Оваа изјава обвинетиот Нинџа ја дал уште во обвинителството во јуни 2017, но обвинителката Вилма Рускоска во изјава за медиумите посочи дека чекала обвинетиот да даде исказ и на главна расправа, па да види дали ќе го потврди истото, а во меѓувреме се собирале и други докази против Атанасовски. Кога Нинџа ја даде истата изјава и на главна расправа во Основниот суд Скопје 1, обвинителката Рускоска отвори истрага и даде предлог за приведување на поранешниот шеф на УБК.
Судот го прифати предлогот и Атанасоски од почетокот на декември, минатата година е во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Тој на предлог на одбраната, беше сведок во постапката за 27 април, а во судница беше збунет, исплашен и речиси на секое прашање се повикуваше на Законот за тајност на податоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.