Доколку сакате да експериментирате во кујната и да испробате една поинаква „пица“ ви го предлагаме токму овој рецепт за „Портобело пица“.
Портобело „пица“
Потребни состојки:
300 г „портобело“ печурки
50 мл маслиново масло
250 мл излупени домати (може и од конзерва)
прстофат сол
бибер по вкус
½ лажичка шеќер
1 лажичка оригано
1 лажичка босилек
150 грама рендана моцарела
10 мали топчиња моцарела
1 лажичка буковец
Начин на подготовка:
Врз хартија за печење во плех наредете ги печурките без дршки и со длабнатините нагоре. Врз секоја печурка ставете масло и печете ги 10 мин. на 250 ᵒС.
Додека печурките се печат во длабок сад ставете половина конзерва домати и зачинете ги со сол и бибер. Додајте го и ориганото, сечканиот босилек и ренданата моцарела и измешајте ја смесата.
Секоја од печените печурки наполнете ја смесата од домати, сирење и зачини, ставете по едно топче моцарела и наросете со буковец.
Печете уште 10 мин. на 250 ᵒС.
Добар апетит!