Портокалов метео аларм: И денеска температурите над 40 степени

Сончевото и многу топло време со температури над 40 степени продолжуваат и денеска, поради што во сила е портокаловиот метео аларм, а се издадени и препораки за заштита на населението.
УХМР предупредува дека и во наредните денови во земјава ќе има натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.
Денеска максималната температура ќе достигне до 42 степена, а вредноста на УВ индекост до 9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.
Надлежните апелираат да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран. Без потреба да не се престојува на отворено, ранливите категории граѓани да се ослободат од работните обврски, да се внимава при консумација и чување на храната, да се внесуваат повеќе течности…, а поради рикот за избувнување пожари да не се фрлаат отпушоци од цигари, да се ибегнува палење оган на отворено, како и други активности што можат да предизвикаат пожари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.