Портпаролката на Белата куќа е позитивна на корона

Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани, денеска објави на Твитер дека е позитивна на коронавирус.
Резултатите од тестот ги добила утрово по локално време. Таа рече дека нема симптоми и е ставена во карантин.
Според Си-Ен-Ен, таа е единаесеттата личност блиска до Трамп, која неодамна иам позитивен тест.
„Откако во четвртокот бев негативна , добив резултати од тестот кои беа позитивни на коронавирус овој понеделник“, напиша таа, истакнувајќи дека нема никакви симптоми.
Таа исто така објави дека никој од новинарите, продуцентите или претставниците на медиумите не биле наведени како блиски контакти. Таа додаде дека работела напорно за да му ги даде на американскиот народ сите потребни информации и дека сега ќе биде во самоизолација и ќе работи за американскиот народ од изолација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.