Посегнете по нив кога ќе почувствувате глад: 4 намирници кои успешно го намалуваат апетитот

Правилниот начин за добивање на посакуваната линија е урамнотежената и редовна исхрана која вклучува намирници богати со влакна кои го намалуваат апетитот и помагаат да не посегнете по калорична и нездрава храна.
Овие 4 намирници се сметаат за природен начин за сузбивање на чувството на глад.
Зелен чај
Екстрактот од зелен чај е одлично средство за согорување на мастите и намалување на апетитот. Содржи две главни соединенија кои помагаат во процесот на слабеење – кофеин и катехини. Бројни студии наведуваат дека катехините помагаат во забрзување на работата на метаболизмот, што е клучно при слабеењето.
За ефикасни резултати консумирајте 200 до 250 милилитри зелен чај 2 пати дневно.
Бадеми
Јаткастите плодови се сметаат за одлична ужина за сузбивање на гладта во попладневните часови. Особено корисни се бадемите кои се полни со влакна и се богат извор на антиоксиданти, витамин Е и магнезиум. Кога ќе почувствувате глад, изедете една шака бадеми.
Ѓумбир


Ова растение има неверојатни лековити својства. Го стимулира системот за варење, ги ублажува мачнините и го намалува апетитот. Според едно истражување спроведено во 2012 година, мажите кои консумирале ѓумбир во текот на појадокот се чувствувале сити најмалку 3 часа по оброкот.
Можете да консумирате чај од ѓумбир или суплементи од ова растение, но најпрвин консултирајте се со вашиот лекар.
Кафе
Поради високиот удел на кофеин, кафето не се смета за добро по здравјето, но тоа е корисно кога станува збор за губење на килограмите. Кафето го намалува апетитот, го зголемува согорувањето на калории и ги разградува мастите. Важно е да се има на ум дека ова се однесува на црното кафе, а не на кафињата со млеко и шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.