Доколку размислувате за посни јадења, пробајте го овој рецепт.
СОСТОЈКИ:
500 гр готови тенки кори
прелив за кори (300 мл минерална вода и 70 мл масло)
1 праз
1 главица кромид
150 гр соини снегулки
200 мл вода
сол
бибер
зачин
Кромидот исечкајте го, па испржете го во малку масло. Во соините снегулки ставете вода и почекајте да набабрат. Кога ќе набабрат ставете во кромидот кој се пржи. Зачинете по вкус.
Бурекот правете го така што за почеток ќе намастите тепсија и ќе ставите 4 кори од секоја страна. потоа одете по редослед – празна кора прелив – кора прелив фил. И така додека имате материјал. Печете на 200 степени околу 30 минути.