1кг јаболки
6 чаши шеќер (од 150мл)
8 чаши брашно
4 чаши масло
150 г сечкани ореви
1 лажица сода бикарбона
1 лажица ванилин шеќер
1 кесичка цимет
100 г шеќер во прав
Во поголем сад изрендајте ги јаболките, додадете ги шеќерот, ванилиниот шеќер, содата и циметот, и убаво промешајте. Оставете 1 час да отстои.
Потоа додадете ги маслото, брашното и оревите и убаво со лажица измешајте да се изедначи смесата.
Намрсете и набрашнете тава бр. 40 и претурете ја целата смеса.
Печете 10 минути во загреана рерна на 220 степени. Намалете ја температурата на 180 степени, покријте со алуминиумска фолија и печете уште 1 час.
Оставете убаво да се излади, исечете на парчиња и наросете со шеќер во прав.