Последен повик да се пријавиш на познатата битолска трка Трчај бе и да го истрчаш Широк Сокак влегувајќи во целта

„Преубо е да трчаш“ под овој слоган пред два месеци, организаторите на оваа автентична трка, ја започнаа кампањата за годинешното издание кое завршува со пријави за учество овој викенд.

лок

По досегашниот интерес, ова ќе биде најбројното издание на ТРЧАЈ БЕ, а доминираат комапнии кои тимски трчаат, ќе присуствува и атлетската елита, ќе има учесници од над 12 земји од светот, а секако и рекреативци кои трчањето го практикуваат како свој спорт.

Кампањите на оваа трка низ годините, остануваат во сеќавање, заради автентичноста која ги одделува од другите трки. Од Форест Гамп до скулптурата на Давид во маица од трката, како и употреба на локалниот битолски сленг во истата. Тоа е благодарение на соработката со тим на дизајнери од академијата Monday Learning и Eyecon Media кои работат за организаторот на трката.

Ова е линкот за пријавување, имате уште само еден ден: http://www.smartrace.club

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.