Последни припреми за следниот принц, или можеби ќе биде принцеза..

Раѓањето на наследникот на тронот на Велика Британија привлече огромно внимание од страна на медиумите штом се дозна дека војвотката од Кембриџ очекува принова. А, сите детали околу раѓањето на првото дете на Вилијам и Кејт беа тајна сè до сега.
Британскиот кралски пар сè уште не го знае полот на детето и тоа ќе остане така до самото пораѓање. Кејт се одлучила своето прво дете на овој свет да го донесе на природен начин и во присуство на нејзиниот сопруг, нејзината сестра и нејзината мајка. Болницата во која ќе се пораѓа Кејт е онаа истата во која принцезата Дајана на свет го донела сопругот на Кејт.
Пристигнувањето на свет на наследникот ќе биде проследено со почесно пукање на 41 пушка, а прес службата на Кејт и Вилијам одбива да каже кој е точниот термин, иако таа спомена дека приновата се очекува во средината на јули.  
И двајцата се стремат да ја одржат традицијата, па веста за раѓањето ќе биде веднаш објавена во медиумите, и тоа така што ќе биде поставена пред Бакингемската палата. Тие знаат дека веста за раѓањето на следниот наследник на тронот на Велика Британија е повод за национално славење, па затоа се радуваат веста да ја споделат со сите граѓани.Раѓањето на наследникот на тронот на Велика Британија привлече огромно внимание од страна на медиумите штом се дозна д

Пронајдете не на следниве мрежи: