Посна бисквит торта

800 г посни бисквити
2 пудинга од ванила
200 г шеќер
1 л вода
200 г посен маргарин
200 г посно чоколадо
200 г мелени ореви
100 г толчени ореви за наросување
100 мл густ сок од портокал
Во 300 мл вода размешјате ги пудингот и шеќерот. Додадете ги во преостанатите 700 мл вода во тенџере на оган. Откако пудингот ќе се згусне тргнете од оган.
Додадате ги на парчиња исечениот маргарин и искршеното чоколадо и мешајте со лажица додека се растопат. Потоа додадете ги мелените ореви и промешајте го филот.
Во тава обложена со фолија наредете 1 ред бисквите и нанесете топл фи. Истата постапка повторете уште 2 пати. Прекријте со четвртиот ред бисквити и со четка премачкајте ги со сокот.
Изладете ја тортата и превртете ја на послужавник. Премачкајте ја со преостанатиот изладен фил и наросете ја со толчени ореви.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.