Изобилството на бои и хранливи состојки на чинијата носи свежина и задоволство. Во потрагата по интересни рецепти од светската кујна, открив варијанта на мексиканска салата прилагодена на локалните услови. Овој рецепт ќе го освежи вашиот оброк и ќе го збогати со здрави составки. Сосот со зачини ја прави салатата посебна, носејќи уникатен мирис и вкус, кој ќе ве води кон нови гастрономски искуства. Препорачаните состојки се доволни за четири до шест порции, па можете да го адаптирате количеството според вашите потреби.
Состојки:
– Марула
– Мала конзерва црн грав
– 1 до 1,5 чаша варена пченка
– 2 чаши шери домати или еден поголем домат
– Чаша пиперки
– Авокадо
– Магдонос (¼ чаша)
– Посен кашкавал (100 – 150 г) по избор, од Млекара Тетово
За прелив:
– ¼ чаша свеж сок од лимон или лимета
– ¼ до ½ чаша маслиново масло
– Мала лажичка мелен ким
– ½ мала лажичка чили
– ½ мала лажичка сол
– ½ мала лажичка мелен црн пипер
Подготовка:
Гравот и пченката процедете ги. Шери доматите исечкајте на половина, авокадото на ленти. Пиперките и кашкавалот исечете на коцки и магдоносот ситно исецкајте го. Во длабока чинија, распоредете ја марулата и наредете ги сите останати состојки.За сосот, измешајте маслиново масло, сок од лимета, ким, чили, сол и црн пипер во длабок сад. Прелијте ја салатата со овој сос пред сервирање.
Дополнителни совети:
Во салатата може да додадете и сечкан црвен кромид по желба. Магдоносот може да го замените со целер доколку го имате на располагање и сакате промена. Наросете ½ мала лажичка чадена црвена пиперка за дополнителен вкус во сосот.
Белешка:
Рецептот е погоден за пост на масло. Ако држите пост на вода, изоставете го кашкавалот и сосот.
The post Посна мексиканска салата – Рецепт од Марија Кочовска appeared first on 365.mk.