Посна салата со туна

Предлог што да подготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
1 пакување тестенини по избор(макарони)
2 конзерви туна
200 г посен мајонез
Пченка
Праз


Начин на подготовка:
Сварете ги макароните во солена вода, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Во друг сад промешајте сечкан праз, туна, пченка и мајонез. Додајте ги макароните и промешајте. Ако не постите, може да додадете и 200 г кисела павлака во салатата.
Ставете ја во фрижидер за да се излади.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.