Постигнете МАКСИМАЛНО полни усни: Моливчето функционира, но треба да знаете правилно да го користите!

Без разлика на возраста, сите дами ги сакаат, па со различни методи се трудат да постигнат ефект на подебели и поголеми усни.
Пробајте некои од следните трикови. Изберете што ви одговара врз основа на ефектот што сакате да го постигнете.

  1. Страснa црвена
    Едноставно затегнете ги усните со притискање заедно. Земете црвен молив и со брзи движења нанесете го на видливата површина.
    Оставете го моливот лесно да влезе во усната шуплина и на тој начин нанесете ја бојата на целата површина на усната. Потоа ставете го моливчето на страна и земете го црвениот кармин.
  2. Сочни и полни
    Користете две бои. Нанесете потемна нијанса во аглите и на надворешниот дел од усната, а посветла на средината на усната. Така го постигнувате природниот изглед на полни усни.
    Усните врамете ги со темно моливче и наполнете ги за да остане само средината без линија. После тоа, нанесете посветол кармин во средината, за да се спои со потемно моливче.
  3. Сосема различна форма
    Да, вистинае ! Со помош на еден мејкап трик можете целосно да го промените обликот на усните.
    Нанесете ја пудрата на аглите на усните со сунѓерче или четка за шминкање. Не го прескокнувајте овој чекор, бидејќи всушност со него ги покривате аглите, бидејќи тој прави половина од работата за менување на обликот.
    Потоа со молив нанесете една заоблена линија или во форма на срце на горниот и долниот дел, во зависност од тоа што сакате да постигнете. Важно е да се изостават аглите на усните при цртање.
    Нанесете кармин со саканата боја на средниот дел. Прекршувањето на правилата кога станува збор за шминка може да биде многу забавно, нели?
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.