Чудни работи се случуваат на надворешните рабови на нашиот Сончев систем – објект со маса до 10 пати поголема од Земјата ги влече другите кон себе.

Теоријата дека планетата девет стои зад ова, научниците ја дебатираат уште од раните 1900-ти.
Некои научници теоретизираа дека тоа може да биде или карпеста супер-Земја или гасовит мини-Нептун со ледени карактеристики и цврсто јадро.
Но, ставовите варираат во голема мера за хипотетичката планета. Некои велат дека сепак можеби не е планета, туку црна дупка, природна пристрасност во истражувањата на небото, па дури и ништо повеќе од духови во податоците.
Доколку биде откриена, тоа ќе биде првата новооткриена планета која е препознаена во Сончевиот систем од 1846 година.
Повеќе информации на оваа тема на ЛИНКОТ
Пронајдете не на следниве мрежи: