Голем дел од населението се соочува со еден проблем што се јавува поради носење маска на високи температури. Ова се акни и мозолчиња кои се јавуваат како резултат на носење маски и затнување на порите во пределот на лицето над кое се шират.
Овој феномен е забележан низ целиот свет, а дерматолозите лесно можат да го објаснат.
– Проблемите со кожата се јавуваат редовно ако маската се носи редовно. Бидејќи голем дел од населението сега носи маски, затоа овој проблем е уште позаразен – посочува дерматологот Ејми Касуф.
Додека разговараме и дишеме, лицето е преплавено со голема количина на топол воздух што создава уште потопла средина што е идеално за бактериите да се размножуваат, нарушувајќи ја рамнотежата на кожата.
– Луѓето кои имаат мрсна кожа се повеќе се склони кон овој проблем. Шминка е исто така фактор што го поддржува овој проблем. Затоа, не препорачуваме потешка шминка, ако е воопшто можно, – истакнува Касуф.
Советот на дерматолозите е наутро и навечер малку да ја хидрирате кожата.
– Пред се ова е хигиенска работа. Некои типови на кожа се чувствителни, но за да го избегнете проблемот, треба редовно да го чистите лицето, да ја менувате маската и да избегнувате шминка – заклучи дерматологот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.