Постојано раскинувате и се смирувате? Како делува тоа на вашата психа?

Во сериите, како што се “Пријатели” или “Сексот и градот”, топло-ладно љубовните односи, секогаш се фатални, страствени и романтични и редовно завршуваат со среќен крај. Во реалноста, воглавно завршуваат на кауч кај некој психијатар.
Ги обожувате Рос и Рејчел, и Кери и Мр. Биг. Тие ви даваат надеж дека на вашето 2-годишно натегање со партнерот со кој постојано раскинувате и се смирувате, се изневерувате и правите сцени во јавност, сепак му претстои светла иднина. Иднина која ќе изгледа бајковито!


Во име на таа иднина трпите сѐ и се согласувате на сѐ, и покрај предупредувањата од пријателките да не губите време и, што е уште по опасно, ги губите нервите. Некои мажи навистина знаат да бидат уверливи во своите извинувања и грандиозни “враќања”, па тешко можете да одолеете. Но…
Психолозите велат дека врските во кои постојано има расправии, раскинување, смирување и изневерување, лошо влијае на нашето здравје. Тие ни го уништуваат имунитетот, ни создаваат стрес и несоница, ни ја намалуваат самодовербата и нѐ прават константно вознемирени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.