Потврдена имплементацијата и сертификацијата на ИСО стандардите на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Во изминатиот период, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше извршена имплементација од страна на МАК Контрол Скопје и сертификација од страна на СГС Белград на стандардот ИСО 14001:2015 – Систем за управување со животна средина; надзорна проверка од страна на СГС Белград за ИСО 9001:2015 -Систем за управување со квалитет и HACCP – Систем за анализа на опасности и критични контролни точки.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје многупати досега покажа дека е јавно претрпијатие кое не само што е во служба на граѓаните туку е и претпријатие кое стратешки се движи во насока на воспоставување и спроведување на активности за унапредување на работните процеси, модернизација, дигитализација и стандардизација, со што несомнено се приближува кон европските и светските претпријатија во рамки на дејноста“, посочи генералниот директор, Душко Весковски.

Како што беше најавено на 28.09 и 29.09.2020  комисија на Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија, ја изврши надзорната оценувачка посета во Секторот за санитарна контрола, која согласно условите со пандемијата беше спроведена електронски. Со надзорната оценувачка посета беа проверени процедурите, методологиите и примената на стандардите согласно барањата на стандардот  ИСО 17025:2018, според кој лабораториите се акредитирани за вршење на анализи на вода за пиење, површинска и отпадна вода.Врз основа на деталните проверки согласно процедурите на ИАРМ беше констатирано дека лабораториите во целост ги исполнуваат критериумите на наведениот стандард од аспект на простор, опрема и кадар, како и доследно применување на пропишаните процедури согласно стадардот  ИСО 17025:2018.

„Воведувањето, имплементацијата и сертификацијата на интернационалните стандарди значи поставување на работата во Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, на ниво на светските лаборатории кои ги имаат имплементирано истите стандарди“ – посочи Александар Николоски, менаџер за квалитет во Сектор за санитарна контрола, ЈПВодовод и канализација – Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.