Потпечени кременадли

4 свински кременадли
3-4 компири
2 домати
4 ленти чаден свински врат
100 г моцарела сирење
200 мл млеко
30 г путер
1 лажица брашно
30 г рендан пармезан
1 лажица сув зачин
1 лажица црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Кременадлите истолчете ги, зачинете ги, испржете ги и ставете ги во тава за печење. На нив наредете ги лентите свински врат и доматите исечени на кругови.Компирите излупете ги, исечете ги на кругови, запржете ги и наредете ги во тавата.
Од путерот, брашното и млекото сварете Бешамел сос и додадете го пармезанот. Нанесете го сосот на компирите и изрендајте ја моцарелата. Наросете со црвениот пипер и испечете.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: