Потпечени палачинки со пица фил

Направете вкусни солени палачинки за појадок, ручек или вечера.

Состојки:
6 палачинки
200 гр. кајмак
100 гр. кечап
250 гр. шунка
150 гр. кашкавал
10 маслинки
1 лажиче оригано
1 јајце
200 мл. јогурт
малку сол


Подготовка:

Се прават палачинки на вообичаен начин, а може да користите и купечки.
Се премачкуваат со кајмак и кечап, па се редат кругови шунка и рендан кашкавал, оригано и сецкани маслинки.
Се завиткуваат палачинките, па се ставаат во подмачкан плех.
Се мати јајце со јогурт и сол и се става врз палачинките.
Се печат на 220 степени околу половина час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.